ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА ШЕСТ НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА ЗА ИМП СКОПЈЕ
Министерството за здравство информира дека се пуштени во употреба новите шест возила за Итната медицинска помош (ИМП) при Здравствен дом Скопје. Амбулантните возила се регистрирани, доопремени со потребната медицинска опрема и од синоќа се во функција за потребите на граѓаните на градот Скопје и околните места. Со овие возила, за 100 проценти е зајакната ИМП. […]