Day: февруари 24, 2020

ВО МОМЕНТОВ НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА ВО СКОПЈЕ СЕ ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА КОРОНА ВИРУС НА ЕДНО ЛИЦЕ СО СИМПТОМИ НА ГРИП, РЕЗУЛТАТИТЕ СЕ ОЧЕКУВААТ ДА БИДАТ ГОТОВИ ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ЧАСА, ЗА ШТО ВЕДНАШ ЌЕ ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА

Ја информираме јавноста дека во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Пациентот има лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна. Се работи за лице кое денеска со попладневниот лет од Милано пристигнало во Скопје. Патникот поминал низ […]

ВОВЕДЕНА КОНТРОЛА НА СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ДОАЃААТ ВО ЗЕМЈАВА-АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ОДЛОЖАТ ПАТУВАЊАТА ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиумите истакна дека од утрово воведена е контрола на сите патници кои доаѓаат во нашата земја и упати апел до граѓаните доколку немаат потреба да ги одложат патувањата во регионот на Северна Италија. -Утрово имавме состанок со Комисијата за заразни болести на којшто присуствуваа […]

СЕ ПОДИГНУВА СТЕПЕНОТ НА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО ЕВЕНТУАЛНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ

Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за здравство, Венко Филипче, одржа состанок со Комисијата за заразни болести на која се констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво. Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција и справување со евентуални […]