Day: мај 9, 2020

ДОСЕГАШНИТЕ МЕРКИ ОСТАНУВААТ НА СИЛА, ВО ПОНЕДЕЛНИК НОВА ПРЕПОРАКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ДО ВЛАДАТА

Министерството за здравство информира дека денеска Комисијата за заразни болести одржа состанокот на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата на Република Северна Македонија сите досега донесени мерки да останат на сила. […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 36 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1622, ОЗДРАВЕНИ СЕ 13 ПАЦИЕНТИ, ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти во: Скопје-6, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Виница-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка […]