Day: октомври 19, 2021

ВАКЦИНИРАНИТЕ СО СИНОВАК И СИНОФАРМ ТРЕТА ДОЗА МОЖЕ ДА ПРИМАТ ТРИ МЕСЕЦИ ПО РЕВАКЦИНА

Националниот Комитет за имунизација донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примат по изминати три месеци од ревакцинација. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт […]

ПОЧНА СКРИНИНГОТ НА УЧЕНИЦИТЕ, ПРВИ СЕ ТЕСТИРААТ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ВО СКОПЈЕ

Почна скринингот во девет средни училишта во Скопје, при што ќе се тестираат 258 средношколци. Низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа. Тестирањето на учениците се спроведува во просторија одредена од училиштето, а тестирањето трае помалку од една минута. Тоа […]

ОД 8 ДО 14 ОКТОМВРИ ОД КОВИД-19 ПОЧИНАЛЕ 105 ЛИЦА, ОД КОИ 79 НЕ БИЛЕ ВАКЦИНИРАНИ

Во период од 08.10 до 14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид-19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, вакцинирани биле 26 пациенти починати со Ковид-19. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.   Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на […]