МИНИСТЕРОТ САЛИ, ЗАЕДНО СО АМБАСАДОРОТ НА Р. ИТАЛИЈА, АНДРЕА СИЛВЕСТРИ И АРТУР АЈВАЗОВ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА УНИЦЕФ, ДЕНЕСКА, ПРИСУСТВУВАА НА ПРИМОПРЕДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ДИРЕКТНАТА ПОМОШ ОД Р. ИТАЛИЈА

Министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри и Артур Ајвазов од канцеларијата на УНИЦЕФ, денеска, присуствуваа на примопредавањето на првиот дел од директната помош од Р. Италија која се состои од 250 илјади дози на вакцината против Ковид 19 од производителот Фајзер. -Изразувам голема благодарност до италијанската влада за поддршката во борбата против ковид што претставува наш заеднички предизвик. Оваа пратка вакцини е дистрибуирана на Институтот за трансфузиологија, додека вториот дел пристигнува за два дена, информираше министерот Сали при примопредавањето.

Сподели на:

Related Posts