ПОТПИШАН ДОГОВОР СО УНФПА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА МАЈКИТЕ И НОВОРОДЕНЧИЊАТА

Заедничко имплементирање на мерките за унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата и придонес за намалување на нивната смртност, овозможува Договорот, кој денеска во Владата го потпишаа министерот за здравство Венко Филипче и директорката за население на ОН (УНФПА) за Македонија Доина Болога.  Со Договорот се обезбедуваат вкупно пет милиони денари. Половина од нив обезбедува […]

ОТВОРЕН 39. СОСТАНОК НА ОДБОРОТ НА ГЛОБАЛНИОТ ФОНД ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ, МАЛАРИЈА И ТУБЕРКУЛОЗА

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче го отворија 39. состанок на Одборот на Глобален Фонд за борбата против ХИВ, туберкулоза и маларија пред 300 делегати од целиот свет. -Крајно време е да обезбедиме средина, која нема да ги осудува ниту, пак, ќе ги дискриминира лицата болни од ХИВ […]

СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО НА ЈИЕ И СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 39. СОСТАНОК НА ОДБОРОТ НА ГЛОБАЛЕН ФОНД ЗА БОРБА ПРОТИВ ХИВ, МАЛАРИЈА И ТУБЕРКУЛОЗА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче го отвори состанокот на министрите за здравство на Југоисточна Европа, што се одржува денеска во хотелот Александар Палас во Скопје. Поздравно обраќање имаше и  Питер Сендс, извршен директор на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.  На состанокот учествуваат министри за здравство и високи државни претставници на […]

ПРОМОВИРАНА ИНТЕРНЕТ АЛАТКА ЗА САМОПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДРОГИ

Во центарот за превенција и третман на зависности од дрога во Кисела вода  беше  промовирана интернет алатка за самопроценка на ризикот од употреба на дроги, што претставува рана детекција и брза интервенција за да се опфатат младите, кои употребуваат супстанци, а кои досега не побарале помош од постојните програми. Д-р Лилјана Игњатова, постојан дописник на […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО УНФПА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче одржа работна средба со претставници од регионалната канцеларија на Фондот за Обединетите нации за население (УНФПА), меѓу кои и д-р Доина Болога, регионален директор на Канцеларијата на УНФПА, на која стана збор за можностите за продлабочување на соработката и реализација на конкретни мерки за унапредување на на здравјето на […]

РАБОТНА СРЕДБА СО СЕКРЕТАРИЈАТОТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба разговараа за предизвиците на здравствениот систем, предвидените реформи, како и можноста за соработка меѓу Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања, особено во делот на странската помош наменета за здравствениот систем. Приближувањето кон Европската Унија, не значи само […]

Национална програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА)

Националната програма за усвојување на правото на Европската унија (НПАА) е сеопфатен долгорочен документ кој ја дефинира динамиката на усвојувањето на правото на ЕУ, стратегиските насоки, политиките, реформите, структурите, ресурсите и роковите што треба да се реализираат со цел Република Македонија  да ги исполни условите за членство во Европската унија. Националната програма за усвојување на правото на […]

Историјат на развојот на односите меѓу Република Македонија и Европската унија

Поважни настани во развојот на односите меѓу Република Македонија и Европската унија по хронолошки редослед: Во октомври 1992 година Република Македонија назначи свој претставник во Брисел; На 22 декември 1995 година Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи кога Европската унија ги отвори преговорите со Република Македонија во насока на склучување на спогодба со […]

Сектор за европски интеграции

АКТИВНОСТИ НА СЕКТОРОТ Учествува во работењето на работните тела за тековно усогласување на домашното законодавство со меѓународните норми и стандарди, како и за спроведување на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската унија, организира поддршка и учествува непосредно во преговори за пристапување кон ЕУ, го координира планирањето  на приоритети и потреби кои произлегуваат од […]