ФОРУМ – 100 ДЕНА ОД МАНДАТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

Министерот за здравство, Беким Сали на денешниот Форум „100 дена од мандатот на новата Влада на РСМакедонија” во своето обраќање ја потенцираше важноста од вакцинацијата како најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

– Конкретно изминатите 100 дена посебно се фокусиравме на индивидуален пристап со цел да ја доближиме имунизацијата поблиску до граѓаните, поблиску до нивното место на живеење. Постојано ја следиме епидемиолошката состојба, како и актуелните препораки за состојбата со ковид, информира министерот Сали. Во однос на обезбедувањето што е можно повеќе лекови без доплата тој информираше дека ова е една од главните заложби на Министерството за здравство.

Во своето обраќање министерот Сали ги посочи и дел од новините во изминатиот период за осовременување на здравството и здравствениот систем и унапредување во повеќе сегменти – инфраструктура, нова медицинска опрема и стручна надградба на кадарот. На Институтот за радиологија деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка.

– На Клиниката за пулмологија е промовиран нов компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци. Целосно е реконструиран и одделот за онкологија на Клиниката за детски болести, единствен од овој карактер во регионот, каде се згрижуваат децата со малигни болести.

Сподели на:

Related Posts