Министерот Таравари денеска одржа работна средба со група експерти кои работат на изготвување повеќегодишна Национална стратегија во областа на здравството. Групата ја сочинуваат докажани доктори и професори кои со своето искуство ќе придонесат за стратешко унапредување на здравствениот систем.
