МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО МАКСИМАЛНО АНГАЖИРАНО ПО ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Службите и екипите на Министерството за здравство уште од моментот кога се случи вчерашната страшна сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, во близина на село Ласкарци и во која починаа 14 лица, се на терен, максимално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените. Мобилизирани се специјалисти […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ УТРОВО ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Министерот за здравство утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.  Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот […]

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО НОВИ ПРЕПОРАКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕПИДЕМИЈАТА НА МОРБИЛИ (МАЛИ СИПАНИЦИ)

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили. – Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот  Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА: ГИ УНАПРЕДУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ, СОЗДАВАМЕ ЕВРОПСКО ЗДРАВСТВО ЗА ГРАЃАНИТЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја посетија Универзитетската клиника за неврологија, истакнувајќи дека оваа клиника веќе е рамо до рамо со здравствените установи во европските земји. Премиерот Заев потенцираше дека неколкуте новини коишто на Клиниката за неврологија се воведени од неодамна, ќе придонесат кон […]

ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕВЕНТУАЛНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ВО ЗЕМЈАВА

Министерството за здравство информира дека будно се следат состојбите со грип во земјава и дека се подготвени за евентуално зголемување на бројот на  лица заболени од оваа болест. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, составена од стручни лица од надлежните здравствени установи, будно ја следат состојбата со грип во државата. Напоменуваме дека капацитетите […]

УНАПРЕДУВАЊЕ НА БОЛНИЧКИТЕ УСЛОВИ НА ХЕМАТО-ОНКОЛОШКИОТ ОДДЕЛ ВО КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ, ВО СОРАБОТКА СО ФОНДАЦИЈАТА „ТИ СИ СОНЧОГЛЕД“

Донација од болничка опрема и апаратура наменета за хемато-онколошкото одделение од Фондацијата „Ти си сончоглед-You are a Sunflower“ доби Клиниката за детски болести во Скопје. Донацијата со висина од 62 илјади евра е резултат на собраните средства од индивидуалци кои ги купуваа маичките на кампањата „Macedonia You are a Sunflower“. Фондацијата со седиште во соседна […]

МОБИЛЕН СЕРВИС ЗА ГРИЖА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ-ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ДО ГРАЃАНИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и австрискиот аташе за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачите во Република Македонија, Харалд Фугер денеска се обратија на настан во организација на Европскиот центар за социјална политика и истражување, посветен на потребата од развивање интегрирани услуги за […]

ОПШТАТА БОЛНИЦА КУМАНОВО ДОБИ АПАРАТ ЗА РАНА ДИЈАГНОСТИКА НА ОШТЕТУВАЊА НА СЛУХОТ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети кумановската болница по повод донацијата на апарат за рана дијагностика на оштетувања на слухот кај новороденчињата во Општата болница Куманово. Донираниот апарат значително ќе придонесе кон навремена дијагноза и соодветен третман за можните оштетувања на слухот кај новороденчињата. Годишно на одделот за акушерство и неонатологија […]

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ: ВО КОНТИНУИТЕТ СЕ ОБЕЗБЕДУВА КВАЛИТЕТНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЗА ЛИЦАТА СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на прес конференцијата по повод одбележување на 4 февруари–Светски ден за борба против ракот, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“. Во своето обраќање, министерот истакна дека се обезбедува квалитетна здравствена заштита за лицата со малигни заболувања, олеснета е […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ГО УНАПРЕДУВАМЕ СТАТУСОТ НА ЦЕЛОКУПНИОТ ЗДРАВСТВЕН ПЕРСОНАЛ

Министерот за здравство на Република Македонија, доц. д-р Венко Филипче, заедно со австрискиот аташе за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите за Македонија, Харалд Фугер и Људмила Гасер од Сојузното министерство за труд, социјални работи, здравство и заштита на потрошувачите на Република Австрија, присуствуваа на денешниот настан, посветен на размена на искуства за […]