ПОДОБАР И ПОПРЕЦИЗЕН УВИД ВО ТРОШОЦИТЕ И ЈАВНИТЕ НАБАВКИ НА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

Информираме дека Министерството за здравство, со цел подобар и попрецизен увид во трошоците и јавните набавки на јавните здравствени установи, со допис ги информираше сите ЈЗУ дека за сите јавни набавки предвидени во годишниот план за јавни набавки, а кои се уште не се почнати, потребно е установите да побараат стручно мислење од Министерството за здравство пред почнување со набавката.

Ова не се однесува на набавките кои се неопходни за тековно и нормално функционирање. Потенцираме дека установите може непречено да ги спроведуваат согласно законските прописи.
– Целта на ова известување до јавните здравствени установи е да се спречи нерационалното и неоправдано трошење на буџетските средства со кои располагаат установите, односно овие средства системски да се искористат во интерес на пациентите.

Сподели на:

Related Posts

Остави коментар