Презентации

Согласно обврските од член 170-а од Законот за Здравствена Заштита, којшто е објавен во „Службен Весник на Република Македонија„ број 39/2014 од 25 февруари 2014 година, здравствениот работник, односно здравствениот соработник вработен во јавната здравствена установа, кој бил на стручно оспособување и/или стручно усовршување во странство, е должен во рок од две недели од враќањето од стручното оспособување и/или стручното усовршување да изврши презентација пред стручниот колегиум на новата здравствена метода или постапка, односно на знаењата, способностите и вештините кои ги стекнале во текот на стручното оспособување и/или стручното усовршување.

Презентацијата треба да се изготви (во .ppt формат) и ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се испрати и на официјалниот меил за оваа намена (prezentacii@zdravstvo.gov.mk) во рок од најмногу 24 часа од нејзиното презентирање и ќе биде поставена јавно на линковите подолу. (Терк за изготвување на презентацијата преземете го овде)

Презентации – УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИКИ

Презентации – КЛИНИЧКИ БОЛНИЦИ

Презентации – ОПШТИ БОЛНИЦИ

Презентации – ЗДРАВСТВЕНИ ДОМОВИ

Презентации – СПЕЦИЈАЛНИ БОЛНИЦИ

Презентации – ИНСТИТУТИ

Презентации – ЗАВОДИ

Остави коментар