Ромски здравствени медијатори

Во рамките на имплементацијата на Декадата на Ромите 2005-2015 и Стратегијата за Ромите во Република Македонија, во 2010 година Министерството за здравство во соработка граѓанскиот сектор започна со имплементација на Проектот “Ромски здравствени медијатори“. Овој проект има за цел надминување на бариерите во комуникацијата меѓу ромската популација и здравствените работници, идентификување на лицата и семејствата, кои немаат пристап до здравствена заштита преку посети на терен  и нивно информирање за пристапот до здравствена заштита и здравствено осигурување и информирање за достапност на бесплатни здравствени услуги предвидени во превентивните и куративните програми на Министерството за здравство и унапредување на здравствениот статус на Ромите .

Во рамките на проектот, од 16.05.2012 година започнаа со работа 15 здравствени медијатори во осум општини со доминантно ромско население и тоа:

– 2 медијатори во општина Шуто Оризари

– 2 медијатори во општина Карпош

– 2 медијатори во општина Тетово

– 2 медијатори во општина Гостивар

– 1 медијатори во општина Битола

– 1 меијатор во општина Прилеп

– 2 медијатори во општина Кочани

– 3 медијатори во општина Штип

Здравствените медијатори се сместени во Здравствените домови во соодветните општини, со цел да бидат лесно достапни за населението и здравствените работници.

Контакт лице од Министерството за здравство:

Сенад Мемеди, советник
senad.memedi@zdravstvo.gov.mk