Учествува во работењето на работните тела за тековно усогласување на домашното законодавство со меѓународните норми и стандарди, како и за спроведување на Спогодбата за соработка меѓу Република Македонија и Европската унија, организира поддршка и учествува непосредно во преговори за пристапување кон ЕУ, го координира планирањето на приоритети и потреби кои произлегуваат од НППА, програмирањето на инструментите за предпристапна помош, активностите на координација, мониторинг и евалуација на спроведените мерки и активности, го координира и непосредно проценува спроведувањето на активностите на Република Македонија со Светската трговска организација и други меѓународни организации, учествува во работата на меѓуминистерските работни тела; се грижи за остварување на програми и проекти што произлегуваат од билатералната и мулилатералната соработка и техничката помош во надлежност на секторот; остварува постојана соработка и средби со претставници на меѓународни владини и невладини организации и специјализирани агенции; учествува во работата на работните тела во Собранието на Република Македонија кога за тоа е овластен, предлага пристапување кон конвенции и протоколи на меѓународни организации со кои се уредуваат прашања од надлежност на Министерството за здравство и го следи нивното спроведување и др.
ОДДЕЛЕНИЈА ВО СЕКТОРОТ
Согласно систематизацијата на Министерство за здравство, секторот има три одделенија и тоа:
1. Одделение за преговори и евроинтеграции
– спроведува активности за поддршка и реализација на преговорите за пристапување, планирање, координација и реализација и следење на НПАА, имплементацијата на ССА, дава поддршка на работата на телата во рамките на ССА
– се грижи за одржување на електронска библиотека на документи на ЕК и акти поврзани со НПАА
– предлага надлежности за ЕУ мерки и потреба на превод и ревизија на ЕУ акти
– учествува во работата на меѓуминистерски работни групи заради приближување на законодавството на РМ кон европското законодавство, односно кон законодавството на СТО
– континуирано соработува со Секретаријатот за европски прашања, како и со другите сектори во Министерството за здравство и со други релевантни сектори
– подготвува извештаи за напредокот во реализацијата на НПАА и имплементацијата на ССА
– организира и подготвува технички состаноци, средби и други настани
2. Одделение за имплементација, мониторинг и евалуација на ИПА проекти
– се грижи за целосно имлементирање на обвските предвидени во Оперативниот договор склучен со ЦФЦД и во согласност со Прирачникот за внатрешни постапки на Вишиот програмски службеник;
– ја контролира подготовката на проектни фишеа, во согласност со Прирачникот за програмирање подготвен од НИПАК и Упатствата за програмирање усвоени од ЕК и истите ги поднесува до НИПАК;
– Учествува во обезбедување координација со НИПАК при утврдување на секторските приоритети при подготовка на проектни предлози;
– Обезбедува координација со други сектори во и надвор од Министерството за здравство при подготовка на проектите;
– Ја координира подготовката и доставувањето на информации во процесот на подготовка и ажурирање на Планот за спроведување на тендери од страна на ЦФЦД, преку СПО;
– Ја координира навремената подготовка/измена на проектни задачи (ТОR), технички спецификации, твининг документација и друга тендерска документација, врши детален преглед и контрола на нивниот квалитет и ги доставува СПО;
– Учествува во подготовка на предлог листа на членови на комисијата за оценување до (ЦФЦД) и го обезбедува нивното присуство на сите состаноци;
– организира посета на локација на проектот пред склучувањето на договорите, доколку е тоа потребно;
– Подготвува информации за потребниот буџет за наредната година во однос на националното ко-финансирање и програмираните ИПА средства по проекти до Секторот за буџет и фондови во Министерството за финансии, со копија до
Секторот за централно финансирање и склучување на договори;
– Ја координира подготовката на годишни финансиски планови за буџетските корисници, за ИПА средствата и средствата од националното кофинансирање;
– Ја координира подготовката на квартални и месечни финансиски планови за буџетските корисници, за ИПА средствата и средствата од националното кофинансирање;
– Врши контрола на извештаите за проценка на ризикот на имплементација на проектите и ја координира подготовката годишниот план за спроведување на следење на лице место на операциите и проектите кои се спроведуваат во рамки на ИПА;
– Обезбедува навремено и ефикасно спроведување на техничко следење (административна и проверка на лице место) на проектите што се спроведуваат од страна на изведувачите/корисниците на грантови и на редовна основа го информира ПАО за проблеми или не спроведување на проектите во текот на нивната имплементација;
– Ја координира подготовката на Месечни извештаи за напредокот при спроведувањето на проектите во рамки на ИПА;
– Доставува релевантни податоци како инпут во подготовката на секторскиот годишен и конечен извештај за спроведувањето од страна на ЦФЦД, преку СПО;
– континуирано го следи степенот на извршување на проектите и комуникацијата со контракторот
– Ја координира подготвувката и ажурирањето на Анализата за обем на работа на вработените во ИПА Одделението во согласност со „Упатството на НАО за ефикасно спроведување на ДИС“;
– Извршува проценка на ризик и пополнува Образец за идентификување на ризик;
– Известува за евентуалните неправилности при спроведување на ИПА проектите;
3. Одделение за програми на заедницата
– континуирано ги следи информациите за програмите на заедницата поврзани со јавното здравје и доставува информации до релевантните сектори и институции
– планира проекти согласно објавената програма на заедницата и обезбедува редовна комуникација и координација со секторите и институциите во врска со реализацијата на проектите
– учествува во подготовката на проектите и техничката документација, буџетско планирање на програмите на заедницата, врши проценка на соодветноста на предложените проекти
– учествува и ја следи имплементацијата на проектите/програмите на заедницата, врши програмска и финансиска евалуација на спроведувањето на проектите, ги проценува проектните резултати
– подготвува извештаи и анализи за статусот на реализација на одобрените проекти, врши дисеминација на извештаите и анализите
– организира и учествува на технички состаноци во областа во која работи
– обезбедува редовна и континуирана комуникација и координација со релевантните институции, технички експерти и граѓански здруженија вклучени во имплементацијата на проектите
– обезбедува редовна и континуирана комуникација и координација со Секретаријатот за европски прашања во врска со програмите