РЕТКИ БОЛЕСТИ

Почитувани,

Министерство за здравство отпочна постапка со Одлука бр. 20-7425/1 од 17-10-2018 година, за интервентна набавка на Лекови за лекување на ретки болести, постапка бр. 4-1/1/2018.
Ве покануваме, со Ваша понуда да учествувате во постапката.
Планирани средства за реализирање на оваа набавка се во висина од 3.756.800,00 денари без вклучен ДДВ.
Постапката за доделување на договор за јавна набавка е со преговарање без претходно објавување на оглас. Крајниот рок за доставување на понудите во архивата на Министерство за здравство е 22-10-2018 година до 10:00 часот а преговарањето по доставените прифатливи понуди ќе се изврши во просториите на Миистерство за здравство, на 22-10-2018 година во 12:00 часот, 50-та Дивизија бр. 14 – Скопје.
Во прилог можете да ја превземете Тендерската документација, а воедно, Ве покануваме, доколку сте во можност, да подигнете и печатена верзија од истата, во просторија бр. 6, во Кабинетот на Министерот за здравство.

За дополнителни прашања и информации, Ви стоиме на располагање.

Со почит,

Комисија за јавни набавки

Министерство за здравство