МЕДИЦИНСКИ СОСТОЈБИ ПОВРЗАНИ СО ПОВИСОК РИЗИК ЗА ТЕЖОК КОВИД-19: ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИ

Министерство за здравство
Последно ажурирано: 25.02.2022
Оваа информација е наменета за пошироката публика. Здравствените работници треба да ги видат медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на КОВИД-19, за подетални информации ТУКА.

Што треба да знаете?

• Постарите лица имаат поголема веројатност да се разболат со тешка форма на КОВИД-19. Повеќе од 80% од смртните случаи од КОВИД-19 настануваат кај луѓе постари од 65 години. Бројот на смртни случаи кај лицата постари од 65 години е над 90 пати поголем од бројот на смртни случаи кај лицата на возраст од 18-29 години.

• Лицата на било која возраст со некоја од медицинските состојби наведени подолу имаат поголема веројатност да добијат тешка форма на КОВИД-19. Ако имате една од овие состојби, разговарајте со вашиот матичен лекар за тоа како најдобро да се заштитите од тешка форма на КОВИД-19.

• Ризикот од тешка форма на КОВИД-19 се зголемува како што се зголемува бројот на медицинските состојби што ги имаате.

• Листата подолу не ги вклучува сите можни состојби кои ве изложуваат на поголем ризик од тешка форма на КОВИД-19. Ако имате прашања во врска со состојба која не е вклучена во оваа листа, разговарајте со вашиот матичен лекар за тоа како најдобро да се заштитите од КОВИД-19.

• Важно е да бидете вакцинирани против КОВИД-19 (основни и трета доза) и да ги следите превентивните мерки за КОВИД-19. Ова е особено важно ако сте постари или имате сериозни здравствени состојби или една или повеќе од една медицинска состојба, вклучувајќи ги и оние на листата подолу.

• Вакцините против КОВИД-19 (основни и трета доза) се безбедни и ефективни.

• Некои имунокомпромитирани пациенти, или луѓе со ослабен имунолошки систем, може да се квалификуваат за дополнителна основна доза против КОВИД-19.

Врз основа на тековните докази, лицата со било која од состојбите наведени подолу имаат поголема веројатност да развијат тешка форма КОВИД-19. Ова значи дека лицата со една или повеќе од овие состојби кои ќе добијат тешка форма на КОВИД-19 имаат поголема веројатност да:

• бидат хоспитализирани

• имаат потреба од интензивна нега

• имаат потреба од машина за дишење (респиратор)

• умрат


МЕДИЦИНСКИ СОСТОЈБИ

Рак

Ракот може да ја зголеми веројатноста да се разболите со тешка форма на КОВИД-19. Третманите за многу видови рак може да ја ослабат способноста на вашето тело да се бори против болеста. Во овој момент, врз основа на достапните докази, вашата историја на рак може да го зголеми вашиот ризик.

Хронична бубрежна болест

Хронично бубрежно заболување во која било фаза на болеста може да ја зголеми веројатноста да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

Хронично заболување на црниот дроб

Хронично заболување на црниот дроб, како што се заболување на црниот дроб поврзано со алкохол, неалкохолно заболување на црниот дроб и автоимун хепатитис, а особено цироза или лузни на црниот дроб, може да предизвикаат поголема веројатност да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

Хронични белодробни заболувања

Хронични белодробни заболувања може да ја зголемат веројатноста да се разболите со тешка форма на КОВИД-19. Овие хронични белодробни заболувања може да вклучуваат:

• Астма, ако е средна до тешка

• Бронхиектазии (задебелување на дишните патишта на белите дробови)

• Бронхопулмонална дисплазија (хронична белодробна болест кај новороденчињата)

• Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), вклучувајќи емфизем и хроничен бронхитис

• Оштетено или со лузни белодробно ткиво како што е интерстицијална белодробна болест (вклучувајќи идиопатска белодробна фиброза)

• Цистична фиброза, со или без трансплантација на бели дробови или други цврсти органи

• Белодробна емболија (згрутчување на крвта во белите дробови)

• Пулмонална хипертензија (висок крвен притисок во белите дробови)

Деменција или други невролошки состојби

Ако имате невролошки состојби, како што е деменција, може да имате поголема веројатност да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

Дијабетес (тип 1 или тип 2)

Ако имате дијабетес тип 1 или тип 2 може да имате поголема веројатност да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

Даунов синдром

Даунов синдром може да ја зголеми веројатноста да за тешка форма на КОВИД-19.

Срцеви состојби

Срцевите состојби како што се срцева слабост, коронарна артериска болест, кардиомиопатии и евентуално висок крвен притисок (хипертензија) може да предизвикаат поголема веројатност да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

ХИВ инфекција

ХИВ (вирус на човечка имунодефициенција) може да направи поголема веројатност да се разболите со тешка форма на КОВИД-19.

Имунокомпромитирана состојба (ослабен имунолошки систем)

Ослабен имунолошки систем може да направи поголема веројатност да се разболите сериозно од КОВИД-19. Многу состојби и третмани може да предизвикаат лице да биде имунокомпромитиран или да има ослабен имунолошки систем. Примарната имунодефициенција е предизвикана од генетски дефекти кои можат да бидат наследни. Долготрајната употреба на кортикостероиди или други лекови за слабеење на имунитетот може да доведе до секундарна или стекната имунодефициенција. Луѓето кои имаат болест или земаат лекови кои го ослабуваат нивниот имунолошки систем можеби нема да бидат заштитени дури и ако се целосно вакцинирани. Тие треба да продолжат да ги преземаат сите мерки на претпазливост препорачани за невакцинираните лица, вклучително и носење добро наместена маска, додека нивниот лекар не ги советува поинаку.

Напомена: Лице со состојба која не е наведена погоре може сè уште да биде изложено на поголем ризик од тешка форма на КОВИД-19 отколку луѓето на слична возраст кои ја немаат оваа состојба и треба да разговараат со својот лекар.