Day: февруари 3, 2018

СООПШТЕНИЕ ОД МЗ

Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за Гинекологија. Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за Гинекологија и нивната здравствена состојба е добра. Истовремено сакаме да информираме дека поднесена е пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката.  

ИНФОРМАЦИЈА ОД МЗ

Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија кој е објавен во дел од медиумите, Министерството за здравство информира дека е разговарано со директорката на Клиниката за гинекологија. По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста.