СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ДИЈАБЕТИЧАРИ И НАЦИОНАЛНАТА КОМИСИЈА ЗА ДИЈАБЕТ
Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче заедно со членовите на Националната комисија за дијабет одржа состанок со претставници на здруженија на дијабетичари. Посветени сме на унапредување на достапноста на третманот и воведување иновативна терапија оваа година. Овие заложби беа поздравени од претставниците на здруженијата кои континуирано се залагаат за подобрување на состојбата со дијабетот. […]