Day: ноември 30, 2018

КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА, СПОРЕД БРОЈ НА СРЦЕВИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ИНТЕРВЕНЦИИ КАЈ АКУТEН СРЦЕВ УДАР Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Универзитетската клиника за кардиологија, д-р Жан Зимбаков, го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза.  Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за кардиологија, според број […]

МАКЕДОНИЈА-ПРИМЕР ЗА УСПЕШНО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ВЛАДАТА, ИНСТИТУЦИИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО СПРАВУВАЊЕ СО ХИВ ИНФЕКЦИЈАТА

По повод одбележување на 1 декември – Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, денеска во Министерството за здравство се одржа прес конференција на која учествуваа министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и национален координатор за ХИВ, д-р Милена Стевановиќ, д-р Владимир Микиќ од Институтот […]

ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство остро ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“. Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу […]