ДЕМАНТ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство остро ги демантира написите во некои медиуми во кои стои дека министерот Филипче, наводно „насила ги натерал студентите да го чистат Клинички центар, место да одат на час“.

Должни сме на јавноста да и објасниме дека станува збор за акција, организирана во сабота, за време на викенд, во која ќе учествуваат околу 40 волонтери на Црвен Крст, волонтери од невладината организација „Волонтерски центар–Скопје“, како и вработените во кабинетот на министерот Филипче,  лекари и здравствени работници од клиниките, кои работат во кампусот, во чест на 5 декември, Светски ден за поттикнување на волонтерството.

Сите останати граѓани, кои го делат нашиот ентузијазам и  нашата идеја, можат да ни се приклучат во акцијата.

Приоритет на министерот Филипче, како и на Министерството за здравство се децата и младите, затоа во ниту еден контекст не дозволуваме на каков било начин да се злоупотребуваат, особено од медиумите.

 

 

Сподели на:

Related Posts