НА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ОДОБРЕНИ 931 СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА И 130 СУПСПЕЦИЈАЛИЗАЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2019-2022, УСВОЕНА ИНФОРМАЦИЈАТА ЗА ПОТРЕБАТА ОД НАБАВКА НА ЛЕКОТ СПИНРАЗА И УСВОЕН ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Владата на Република Северна Македонија, на денешната 141. седница ја усвои предлог програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно мрежата на здравствените установи (2019-2022) и одобрени се вкупно 931 специјализација. За 2019 година одобрени се 346 специјализации (од кои 22 специјализации се преземања од приватна специјализација, согласно член 150-а од Законот за здравствената […]