СЕКОЈ ДЕНАР ОД ЗДРАВСТВЕНИОТ БУЏЕТ Е ПОТРОШЕН ВО ИНТЕРЕС НА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ И ТРЕТМАН НА ДЕЦАТА
Министерството за здравство, најостро реагира до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на членот на ИК, Игор Николов. Сите искажани наводи се невистинити. Имено, не станува збор за никаков договор со ниту една приватна установа, туку за ангажирање на доктори на Клиниката за детски болести во Скопје. Ангажирани се д-р Христо Сивачев и д-р Цветко Георгиев, […]