ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 15 ДО 21 ФЕВРУАРИ – ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОД 3,9% НОВИ СЛУЧАИ, ОЗДРАВЕНИ 1.760 ЛИЦА, ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНОСТ ВО ПРОСЕК 14,7%
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 21 февруари биле тестирани вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата […]