ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА ВО ПОСЕТА НА СБ ОТЕШЕВО
Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денес беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница Отешево каде пристигна вториот дел од донацијата од Луксембург од letzcare a.s.b.l која се состои од комплетен болнички инвентар за болницата. Д-р Манолева при посетата оствари средба и со донаторите од Луксембург и менаџерскиот тим на ЈЗУ Специјализирана болница Отешево.