МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО, АМИР ЕЛЕЗИ, ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО, ФАТОН АХМЕТИ И СО ЕКОНОМСКИОТ ДИРЕКТОР НА КБ ТЕТОВО, АРМЕНД ФАЗЛИУ.

Министерот за здравство, Беким Сали оствари средба со директорот на Клиничката болница Тетово, Амир Елези, директорот на ФЗО, Фатон Ахмети и со економскиот директор на КБ Тетово, Арменд Фазлиу. Тема на оваа средба беше состојбата на Клиничката болница и изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион. -Тетово и воопшто полошкиот регион заслужуваат достоинствена Клиничка болница, што ги исполнува сите современи здравствени стандарди, истакна во ова прилика министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts