МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ДЕНЕСКА НА СРЕДБА ЈА ПРИМИ АМБАСАДОРКАТА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ, НЕЈЗИНАТА ЕКСЕЛЕНЦИЈА, КЕЈТ БРНЗ.

Министерот за здравство, Беким Сали денеска на средба ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција, Кејт Брнз.Министерот Сали и се заблагодари на амбасадорката за поддршката што САД континуирано и ја даваат на нашата земја во здравствениот сектор.На средбата се разговараше и за дигитализацијата на здравството, за што се заинтересирани и нашите американски пријатели.Пандемијата, исто така, беше тема на оваа средба, при што министерот Сали информираше дека Министерството за здравство успешно се соочува со овој предизвик и дека капацитетите и ресурсите со кои располагаме се доволни за пружање на неопходната здравствена услуга за сите пациенти со вирусот Ковид-19.Исто така, беше разговарано за воспоставување национална програма за финансиска и институционална стабилност на здравствениот сектор, за што амбасадорката изрази интерес, притоа потенцирајќи ја потребата од продолжување на досегашната соработка со сојузната држава Вермонт во САД.Министерот Сали се заблагодари за посетата, изразувајќи подготвеност за натамошно продлабочување на соработката со САД во областа на здравството.

Сподели на:

Related Posts