ДЕНЕШНИОТ НАСТАН ЗА ДЕНОТ НА РЕТКИ БОЛЕСТИ

„Остануваме посветени во грижата за лицата со ретки болести и нашата заложба е да бидеме отворени за соработка со Националната алијанса и со здруженијата од оваа област и заеднички работиме и вложуваме во поквалитетен третман на ретките болести“ – посочи министерот Беким Сали на денешниот настан по повод одбележување на Денот на ретки болести – 28 февруари.За таа цел, во рамки на Програмата за лекување ретки болести Министерството за здравство обезбедува средства наменети за набавка на потребната терапија, почитувајќи ги највисоките стандарди за квалитет. Министерството за здравство продолжува да вложува максимални напори со цел надминување на предизвиците со кои се соочуваат овие лица, и во контиунитет да ја подобруваме грижата за лицата со ретки болести.

Сподели на:

Related Posts