Одржана стручна средба во организација на Националната комисија за дијабетес при МЗ, на тема – мултидисциплинарен пристап во третманот на дијабетичарите. – Грижата за оваа категорија пациенти е еден од врвните приоритети на Министерството за здравство и континуирано вложуваме во унапредување на условите за третман на пациентите со дијабетес. Активното вклучување на лекарите од примарна и секундарна здравствена заштита може да влијае за промена на лошите навики во животниот стил, како и во рана дијагноза на дијабетес, тип 2.Лекарот од ПЗЗЗ, односно семејниот лекар, преку скрининг на лицата со ризик за дијабетес, навремено може да го открие предијабетесот, со цел да ја превенира, односно одложи појавата на дијабетес, тип 2 и со тоа да ги одложи компликациите, кои за жал, кај некои лица веќе постојат при поставување дијагноза, информира министерот, Беким Сали.Оваа средба беше добра можност за размена на стручните проценки на дијабетолозите во врска со унапредување на третманот на пациентите со дијабетес во нашата држава.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024