Нова магнетна резонанца првпат се обезбедува во прилепската болница.Со ова означуваме ново поглавје во сегментот зајакнување на дијагностика во оваа установа, кажа министерот Беким Сали при денешната посета во Општата болница во Прилеп.Овој апарат за магнетна резонанца е набавен како дел од ИПА фондовите за нашата држава за справување со здравствени закани и зајакнувањето преку проектот продолжува и во други здравствени установи.Станува збор за апарат philips ingenia 1,5 T Omega со јачина на магнетно поле 1,5 Т( тесла). – Новата магнетна резонанца од денес е поврзана во Мој термин и во ПАКС системите. Со ова, продолжуваат инвестициите во опрема во интерес на приближување на оваа софистицирана дијагностичка процедура до пациентите, посочи министерот Сали.Дополнително,во делот на опременост,набавено е ново гинеколошко ехо, нов дигестор за патологија. Во тек е постапка за набавка на медицинска опрема, апарати за анестезија, хирургија, физикална, трудова медицина, пациент монитори за транспорт.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024