Со поддршка од СЗО и УСАИД обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со КОВИД-19. “ Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од СЗО и УСАИД ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите со КОВИД-19”,посочи министерот за здравство Беким Сали. Тој изрази благодарност до Светската здравствена организација и УСАИД за обезбедената опрема, со која дополнително се зајакнува сериозно нашата борба против вирусот КОВИД-19, особено во грижата за пациентите со тешка форма на вирусот.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024