МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ, ДЕНЕС УЧЕСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНОСТ ПО ПОВОД ДИПЛОМИРАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО

Министерот за здравство, Беким Сали, денес учествуваше на свеченост по повод дипломирање на студентите на Државниот Универзитет во Тетово.Во оваа прилика , во своето обраќање, министерот Сали посочи: “Денеска имав задоволство да учествувам на свеченост по повод дипломирањето на студентите на Државниот Универзитет во Тетово, од кои најголем број се на Медицинскиот Факултет. Честитајќи им за успехот,истакнав дека по долги години дискриминација на дипломираните медицински лица на Универзитетот во Тетово сега докторската диплома на ДУТ ќе важи подеднакво при пресметување на бодови на конкурси за специјализација”.Зборувајќи за помошта што Министерството за здравство ја дава за студентите по медицина , тој го истакна отворањето на новата специјализациска програма за семејна медицина, можноста 50-те најуспешни дипломираните студенти да имаат загарантирана работа, како и стипендии специјализации за гинекологија и педијатрија.”Со исполнувањето на овие можности мислам дека горе-долу ја оправдавме и ја исполнивме нашата задача зошто сме на чело на Министерството за здравство. Посакувам и другите студенти и дипломираните да ги имаат истите можности, затоа што на крајот нашиот успех во владата нема да се мери со изминатите децении на власт, но со задачите остварени за време на таа власт”, заврши тој.

Сподели на:

Related Posts