Нов најсовремен рендген апарат со минимално зрачење за дијагностика на остеопороза, единствен од ваков тип во државата, обезбеден и инсталиран на Универзитетската клиника за ендокринологија, кој овозможува попристапна дијагностика за пациентите.
Ова беше повод за посетата на министерот за здравство, д-р Беким Сали на оваа клиника, каде раководството информираше дека на апаратот кој досега бил во функција се извршени над 140 илјади прегледи.