Проектот ChatMED е одлична можност за развој на медицината во нашата земја и побрза дигитална трансформација на здравството и чекор поблиску до ЕУ. На овој начин со имплементирање на успешни принципи од нашите ЕУ партнери ќе овозможиме побрза интеграција на вештачката интелигенција, најпрво во областа на неврологијата, а потоа и во другите дисциплини.
Откривањето нови лекови е уште една област каде што вештачката интелигенција е многу побрза во молекуларните истражувања, со што се откриваат оние лекови кои имаат куративен потенцијал над невролошките дијагнози.
Роботиката со вештачка интелигенција што се користи во неврологијата им овозможува на своите алгоритми да ги анализираат податоците од магнетната резонанца, идентификувајќи болести како Паркинсонова или Алцхајмерова болест, заедно со церебрални тумори во многу раните фази на мозокот, што воведува нова ера во науката за мозокот, истакна министерот Таравари на денешниот настан, во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство за поттикнување на интердисциплинарната соработка и размена на идеи, клучни за успешен почеток на овој проект.