Новости

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЗДРУЖЕНИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА КОИШТО ЌЕ СПРОВЕДУВААТ АКТИВНОСТИ УТВРДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА ВО РСМ ЗА 2023 ГОДИНА

Врз основа на член 16 ставови (2) и (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19,  153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), а во […]

СРЕДБА МАНОЛЕВА-ЈОХАНСЕН: ЗНАЧАЈНА Е ПОДДРШКАТА НА СЗО ЗА НАШИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева оствари официјална средба со д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје. На средбата се дискутираше за заедничките приоритети од областа на здравството, согласно Двогодишниот договор за соработка во областа на примарната здравствена заштита, менталното здравје, незаразните болести, […]

МЕЏИТИ-ФИЛИПИДУ:ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ РСМ И ГРЦИЈА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката преку потпишување договор за здравство и медицински науки, развој на човечките капацитетите преку имплементација на Меѓународниот здравствен правилник. Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на […]

БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ЌЕХАЈА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, оствари билатерална средба со амбасадорот на Косово, Флоријан Ќехаја. На средбата стана збор за продлабочување на соработката во областа на здравството во двете земји и за можностите за намалување на тарифите кои ги плаќаат косовски државјани при користење на јавноздравствените услуги. Исто така беше разговарано за реципрочно намалување […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА Д-Р КУЉАН

Заменик министерката за здравство, асс. д-р Маја Манолева оствари средба со поранешната државна секретарка на Министерството за здравство, прим. д-р Ратка Куљан–Зографска. Средбата е поттикната од фактот дека и двете се жени од фелата, а воедно се и први жени на овие две раководни функции во Министерството за здравство. На средбата се разменија ставови и […]

СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО ДИРЕКТОРОТ НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА, ПАОЛУЧИ

Проширување и продлабочување на соработката, со цел унапредување на здравствениот систем на нашата држава, беше во фокусот на денешната средба на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити со директорот на канцеларијата на Светска Банка во Република Северна Македонија и Република Косово, Maсимилијано Паолучи. Следен чекор од заедничката соработка е дисеминација на публикација за незаразни болести […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ПРВИОТ КАТ ЗА ИНТЕНЗИВНА И ПОСТИНТЕНЗИВНА НЕГА НА КЛИНИКА ЗА ГАСТРОЕНТЕРОХЕТОЛОГИЈА

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, со амбасадорката на САД, Ангела Агелер ја посетија Универзитетката клиника за гастроентерохепатологија по повод комплетно реновирање на првиот кат за интензивна и постинтензивна нега на Клиниката, вклучувајќи ги кабинетите за дијагностика и интервенции. Министерот Меџити ја поздрави поддршката од Амбасадата на САД, […]

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА

Можеби звучи како болест од минатото, но туберкулозата (ТБ) претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ ЛИДЕРКИ ОД ЈИЕ

Заменик министерката, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на промоцијата на Форумот на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција. Форумот се формира на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC, а целта е да се создаде регионална мрежа на […]