МЗ: ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ ВО ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА НЕГОРЦИ – БОЛНИЦАТА ПРИМЕР ЗА ИНОВАТИВНОСТ, ОДГОВОРНОСТ И ВИЗИЈА

Поставувањето на фотонапонски панели во Психијатриската болница Негорци претставува одличен пример за иновативност, одговорност и визија во управувањето со јавните здравствени установи. Оваа инвестиција не само што ќе придонесе за значителни финансиски заштеди, туку и го демонстрира посветениот пристап кон енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Чекорот на болницата да ги искористи сончевите ресурси е за почит, покажувајќи дека е возможно и во јавниот сектор да се спроведат современи и еколошки одржливи решенија. Дополнително, фактот што инвестицијата е реализирана со сопствени средства го истакнува капацитетот и ангажираноста на раководството да планира и имплементира долгорочни стратегии со директен бенефит за заедницата.

Овој потфат претставува инспирација за останатите јавни установи во земјата, посочувајќи дека одржливоста и иновативноста се не само можни, туку и неопходни за подобрување на условите за работа и услуги. Браво за тимот на болницата и за директорот Сашко Стојиловски за оваа значајна иницијатива која ќе има долготрајни позитивни ефекти!

****

Сподели на:

Related Posts