РАБОТИЛНИЦА ЗА ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Во организација на Министерство за здравство се одржа работилница за финализирање на националната стратегија за ретки болести и акцискиот план.

На работилницата присуствуваа членови од Министерство за здравство, Комисија за ретки болести, Национална алијанса за ретки болести (НАРБМ), Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за образование, Министерство за локална самоуправа, Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

На работилницата се финализираше неколкугодишната заложба на Министерството за здравство и НАРБМ, со цел во наредните години да се подобрат услугите, правата и квалитетот на живот на лицата со ретки болести. Националната стратегија за ретки болести е првата национално координирана активност за справување со ретките болести во државава, која ги претставува потребите на лицата со ретки болести на еден сеопфатен, колаборативен и пристап базиран на докази за постигнување најдобри можни исходи поврзани со здравјето и благосостојбата на лицата кои живеат со ретка болест во државата.

Сподели на:

Related Posts