По тој повод, министерот за здравство Никола Тодоров ја посети денеска Клиниката по што изјави дека станува збор за една современа технологија која досега недостигала во јавното здравство и ја имало во приватните болници.
Тој посочи дека склучен е договор за набавка на вакви апарати за вадење крајници и во Градската општа болница „8 Септември“, клиничките болници во Штип и во Тетово и во општата болница во Струмица. Едукацијата за кадарот за работа на овој апарат ќе биде извршен на Клиниката.
– Сакам да изразам задоволство од начинот на функционирање на Клиниката, од посветеноста на директорот, на целиот тим, на сите доктори специјалисти кои имаат вложено голем труд. Постои еден силен ентузијазам за унапредување на работата на Клиниката преку континуирана медицинска едукација, инвестирање во себе, во знаење, во вештини, во нови методи и во здравствената инфраструктура, додаде министерот Тодоров.
Директорот на Клиниката, Никола Николовски рече дека нов шеф на Одделението за детска оториноларингологија е Елена Димеска.
– Покажавме дека во услови кога се работи професионално и домакински постојат шанси она што е неопходно и потребно да го реализираме. Добиената донација веднаш почнавме да ја користиме, истакна Николовски.
Клиниката располага и со современ микроскоп, а според најавите ќе биде набавен и нов ласер за хирургија и врат.
Шефот на Одделението за детска оториноларингологија, Елена Димеска посочи дека реконструкцијата на Одделот почнала пред три месеци. Таа потенцира дека сега имаат нова амбуланта, четири нови соби со по три кревети, нова чајна кујна, нов санитарен чвор, просторија за мајки и гардеробер.
– На Одделот се третираат деца со акутни и хронични заболувања и ургентни состојби, како деца со опструктивни дишни патишта предизвикани од страни тела итн. Клиниката има 24 часовен мониторинг на оперираните деца, има двајца дежурни лекари специјалисти и тоа е еден огромен придонес. Дневно оперираме по четири деца. Имаме околу 30 деца неделно, додаде Димеска.
Скопје, 20 декември 2012 – На Клиниката за уво, нос и грло денеска е промовиран комплетно реновиран Оддел за педијатриска оториноларингологија и е промовиран нов апарат – ултразвучен скалпел (кој во истовремено сече и го заздравува ткивото и децата многу полесно ги поднесуваат операциите) за безболно вадење крајници, дониран од Министерството за здравство. Реновирањето на Оделот е направено со средства од донации и од Клиниката.