ПОЧЕТНА

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Денес со задоволство сакам да истакнам дека ја пуштаме во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники, со што како Министерство за здравство и како Влада успешно решаваме сериозен проблем во секојдневното функционирање на операционите сали во комплексот клиники. Како што знаете, постапката за  набавка, монтажа и пуштање во работа на систем за компримиран воздух […]

НА ОРТОПЕДИЈА ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА СО КОСКА ОД ДОНОР

На Клиниката за ортопедија е извршена уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава […]

ПРВА НАЦИОНАЛНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА РЕФОРМА НА БОЛНИЧКИОТ СЕКТОР

Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација одржа прва национална консултација за реформа на болничкиот сектор во државава. -Денешниот настан е значаен чекор кон унапредување на болничкиот сектор и создавање поефикасен и поодговорен здравствен систем. Иднината на болниците ќе биде обликувана преку модернизација на инфраструктура, реформирање на финансирањето и интеграција на услугите, по […]

ФИНАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ ЗА „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНА СТРАТЕГИЈА 2021-2030“

Успешно е завршен проектот за „Имплементација на здравствената стратегија 2021-2030“. Проектот опфати шест компоненти, кои се усогласени и со програмата на Владата. Препораките ќе помогнат во развојот на психијатриски услуги за деца и адолесценти, со што обезбедуваме инклузивен пристап до здравствената заштита. Направена е проценка на потребите за општа болница во Скопје и основа за […]

СРЕДБА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТА НА СЛУЖБАТА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ЗД СКОПЈЕ

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари ја посети Службата за ментално здравје на деца и млади ,,Младост”-Скопје, која работи во рамки на Здравстевен дом Скопје. На средбата со директорот на ЗД Скопје, Самир Исени и раководителот на службата, Сашо Зафировски, стана збор за актуелните предизвици со кои се соочуваат во работата и за можностите за […]

ВТОРА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ, СО КОСКА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР КАЈ 19 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие. Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа. – Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се […]

УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ОРТОПЕДИЈА – КОСКА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР ИМПЛАНТИРАНА НА ДВА ПРСТА КАЈ ДЕТЕ СО БРАХИДАКТИЛИЈА

Успешна трансплантација на Клиника за ортопедија, со имплант – коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија. Првпат кај нас е извршена ваков тип трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек . – Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска […]

ПРВИ БЕБИЊА ГОДИНАВА НА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И ВО БОЛНИЦАТА ВО ЧАИР

Со убави вести ја почнуваме новата година. На Клиниката за гинекологија точно една минута по полноќ се роди првото бебе годинава. Здраво машко бебе тешко 3190 грама, долго 50 сантиметри. Ова беше повод за посетата на министерот Таравари на Клиника за гинекологија заедно со сопругата Нора Таравари, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, заменикот министерот за […]

ПОДОБРЕНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА, УНАПРЕДЕНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ УСЛОВИ

Свечено пуштен во употреба комплетно реновиран прв кат на Клиниката за психијатрија, поставена нова фасада и нов кров на објектот. Значително ја подобруваме енергетската ефикасност на клиниката, каде покрај извршеното реновирање, првпат е опремена и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен […]

ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Денес заврши втората сесија на тематски работилници на која учество земаа повеќе од 50 претставници на високообразовни институции, националното здружение ЗМСТАМ и други здруженија на медицински сестри и акушерки, работни групи од Министерството за здравство и образование, во рамките на проектот за унапредување на образованието и статусот на медицинските сестри и акушерки. Одлични и конструктивни […]