СИНДИКАТИТЕ ЗА ЗДРАВСТВО И ВЛАДАТА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ

Платите на здравствените работници овој месец ќе се зголемат за десет проценти согласно коефициентите, а веќе следната година во март ќе има зголемување од пет проценти, договорено е на состанокот на двата репрезентативни синдиката на здравствените работници со премиерот Христијан Мицкоски. Веќе следната година во март месец ќе има дополнителни 5 проценти зголемување на паричната […]

CHATMED-ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА БАЗИРАНИ НА ГЕНЕРАТИВНА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Проектот ChatMED е одлична можност за развој на медицината во нашата земја и побрза дигитална трансформација на здравството и чекор поблиску до ЕУ. На овој начин со имплементирање на успешни принципи од нашите ЕУ партнери ќе овозможиме побрза интеграција на вештачката интелигенција, најпрво во областа на неврологијата, а потоа и во другите дисциплини. Откривањето нови […]

СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари ја посети Општа болница во Куманово каде со поддршка од Амбасадата на Република Чешка е доопремено родилиштето со нова опрема во вредност над милион денари. Станува збор за најнов инкубатор од четврта генерација, наменет за интензивна и полуинтензивна нега на новороденчиња. Инкубаторот е со ниско ниво на бука и […]

ПОСЕТА НА ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ – РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА НАСОВРЕМЕНИ ПРАКТИКИ ВО МЕДИЦИНАТА

Во рамки на посетата на Обединети Арапски Емирати, министерот Таравари ја посети познатата болница „Cleveland Clinic“ и се запозна со работата и најсовремените практики на медицинска интервенција. Тој го посети центарот за симулација и обука во оваа клиника. Исто така, посебно задоволство беше средбата со д-р Луис Кампос, директор на центарот за трансплантација на црн […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ УЧЕСТВУВА НА 74. РЕГИОНАЛЕН СОСТАНОК НА СЗО

Mинистерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денес учествува на свеченото отворање на 74. регионален состанок на Светската здравствена организација во Копенхаген. Овој значаен настан е посветен на заедничкиот напор за подобрување на јавното здравје и развојот на здравствените системи во регионот. Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ СЕ ВАКЦИНИРАШЕ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари се вакцинираше против сезонски грип во Институтот за јавно здравје, во пунктот за вакцинирање здравствени работници. -Вакцинацијата претставува најефикасна мерка за превенција од грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи. Само за потсетување, според податоците во минатата сезона на грип во државата […]

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АМБУЛАНТАТА ВО ЗЕЛЕНИКОВО

Со градоначалникот за општина Зелениково, Коста Маневски, министерот Таравари потпиша договор за групна набавка за реализација на проект за реконструкција на фасада и кровна конструкција на амбулантата во Зелениково. Вредноста на проектот изнесува 7,5 милиони денари. -Граѓаните на Зелениково за неколку месеци ќе добијат посовремени услови за здравствена заштита. Ги повикувам и останатите општини за […]

ПОТПИШАН ЗАЕДНИЧКИ МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ СО УНОПС

Потпишан заеднички меморандум за разбирање со Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги на денешната прес конференција на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и претставничката на УНОПС, Микела Телатин. Со меморандумот се зајакнува соработката во насока на намалување на аерозагадувањето од старите системи за греење во јавните здравствени установи, при што е предвидена целосна […]

СО ПОДДРШКА ОД СЗО УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНИ НИЗА ПРОЕКТИ ВО ЗДРАВСТВОТО

На денешниот онлајн состанок на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари со д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, беше потенцирана одличната соработка со Светската здравствена оранизација. – Изразувам посебна благодарност за низа проекти реализирани со поддршка на СЗО во јавните здравствени установи низ државата. Благодарност за работата и на колегите од СЗО […]

ОКТОМВРИСКИ РОЗОВ КАРАВАН – ПРЕВЕНЦИЈАТА НАЈДОБРА ЗАШТИТА

Министерството за здравство стартуваше со национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка. Во рамки на кампањата, ги повикуваме граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол”, каде […]