ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА ИЛИНДЕН ДО КРАЈ НА ГОДИНАТА ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ – ВО ТЕК ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности за изградба на нов здравствен дом. Новиот здравствен дом ќе зафаќа бруто површина од 600м2, ќе биде изграден на два ката и во него ќе има 14 ординации. Покрај основната здравствена […]

НОРВЕШКАТА АМБАСАДОРКА КРИСТИН МЕЛСОМ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари оствари работна средба со норвешката амбасадорка, Кристин Мелсом, на која разговараа за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете држави. Честитајќи му ја позицијата на министерот Таравари, амбасадорката изрази подготвеност за поддршка на нашиот здравствен систем и размена на меѓусебни искуства во областа на здравството.

ВО ТЕК АКТИВНОСТИ ЗА АМБУЛАНТСКО-КОНСУЛТАТИВНИ ПРЕГЛЕДИ И ОНКОЛОШКИ ТЕРАПИИ ВО  ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември, каде се во тек активности за отворање онколошко одделение и обезбедување терапија за пациентите со малигни заболувања. -Заедно со директорите на ГОБ „8 Септември, проф. д-р Синиша Стојаноски и на Клиниката за онкологија, д-р Игор Стојковски, денеска ги посетивме амбулантите за […]

РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА ФЗО-РАЗГЛЕДАНИ МОЖНОСТИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА СО ИНОВАТИВНИ ЛЕКОВИ

Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски производители), претставници на Американската стопанска комора и претставници од комисијата за позитивна листа на лекови. Целта на состанокот беше да се разговара за можностите за проширување на Позитивната листа со иновативни […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Поради високите температури, кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето: – Во текот на екстремно топли денови останете во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за одмор под сенка. – […]

ОТВОРЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001. Исто така, граѓаните имаат можност и за лична […]

ВРАБОТУВАЊЕ НА ПЕТ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ. -Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТА НА НЕКОЛКУ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ И ЗАБРАНА ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА ОТВОРЕНО

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во коишто се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита: -Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). -Во истиот период, работодаваците да ги […]

ОБЈАВЕН ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИ КОМПРЕСОРИ, ПРИОРИТЕТ НОВАТА ПОЗИТИВНА ЛИСТА, РЕГИОНАЛИЗАЦИЈА НА УСЛУГИТЕ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ЗДРАВСТВОТО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, на денешниот брифинг со претставници на медиумите информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на службата за општи и заеднички работи на клиниките. Тој најави дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ЈА ПОСЕТИ КБ ТЕТОВО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во рамки на активностите ја посети Клиничката болница во Тетово за да се запознае со состојбата во болницата. За време на посетата тој се сретна со раководството и со медицинскиот персонал.