АКТУЕЛНО

РАБОТИЛНИЦА ,, ФЕТАЛНА ЕХОКАРДИОГРАФИЈА” ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО ЗА ГИНЕКОЛОЗИ И АКУШЕРИ ОД ЦЕЛАТА ДРЖАВА

Денес започна работилницата ,, Фетална Ехокардиографија” во Клиничката Болница Тетово за гинеколози и акушери од целата држава организирана од Министерство за Здравство во соработка со ,,Здружение на Лекари-Албанци на Република Северна Македонија”.Работилницата ќе биде изведена од страна на експерти од оваа област, меѓу кои проф. Д-р Рамуш Бејичи, педијатар, субспецијалист кардиолог, проф. Орхан Узун консултант […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА ВО ПОСЕТА НА СБ ОТЕШЕВО

Заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева денес беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница Отешево каде пристигна вториот дел од донацијата од Луксембург од letzcare a.s.b.l која се состои од комплетен болнички инвентар за болницата. Д-р Манолева  при посетата оствари средба и со донаторите од Луксембург и менаџерскиот тим на ЈЗУ  Специјализирана болница Отешево.

СРЕДБА МЕЏИТИ – БОМГАРТНЕР

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер, на која беше разговарано за можностите за интензивирање на соработката.Министерот Меџити се заблагодари за досегашна соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената техничка помош за поддршка на секторот за трансфузија во РСМ. Резултат на оваа поддршка беше донесувањето на […]

СРЕДБА МЕЏИТИ-ШАЉА: ЗАЕДНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МАСТЕР ПЛАНОТ ЗА ПЕРИНАТАЛНА НЕГА

На денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, со шефицата на канцеларија за Фондот на население на Обединетите нации-УНФПА, Афродита Шаља се разви дискусија во поглед на продлабочување на тековната соработка. Во фокусот на оваа средба беше соработката на повеќе полиња, како што се: мајчино здравје, планирање на семејство, рак на грлото на […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА СЕ ОБРАТИ НА РАБОТИЛНИЦА ПОСВЕТЕНА НА БЕЗБЕДНОСТА НА ПАЦИЕНТИТЕ

-Безбедноста на пациентите претставува врвен приоритет за Министерството за здравство и поради тоа се стремиме дополнително да го подобриме квалитетот на здравствениот систем. Наш приоритет е да ги ставиме пациентите во центарот на здравствениот систем,  при тоа фокусирајќи се на нивните потреби. На тој начин, ќе се осигураме дека тие ја добиваат најдобрата можна нега […]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЗДРУЖЕНИЈА И ДОДЕЛУВАЊЕ СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЈА КОИШТО ЌЕ СПРОВЕДУВААТ АКТИВНОСТИ УТВРДЕНИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ ИНФЕКЦИЈА ВО РСМ ЗА 2023 ГОДИНА

Врз основа на член 16 ставови (2) и (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19,  153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22 и 236/22), а во […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА СРЕДБА СО ПОРАНЕШНАТА ДРЖАВНА СЕКРЕТАРКА Д-Р КУЉАН

Заменик министерката за здравство, асс. д-р Маја Манолева оствари средба со поранешната државна секретарка на Министерството за здравство, прим. д-р Ратка Куљан–Зографска. Средбата е поттикната од фактот дека и двете се жени од фелата, а воедно се и први жени на овие две раководни функции во Министерството за здравство. На средбата се разменија ставови и […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА МАНОЛЕВА НА ФОРУМ НА ЖЕНИ ЛИДЕРКИ ОД ЈИЕ

Заменик министерката, д-р Маја Манолева, денес присуствуваше на промоцијата на Форумот на жени лидери од Југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција. Форумот се формира на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики на добро владеење, поддржан од UN WOMEN, RAI и UNODC, а целта е да се создаде регионална мрежа на […]

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНИ ДВА ОДДЕЛА НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА – ИНВЕСТИЦИЈА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, заедно со заменик министерката, д-р Маја Манолева,  денеска ја посетија Универзитетската клиника за токсикологија, каде се комплетно реновирани одделите за токсикологија и детоксикација. Инвестицијата е во вредност од 9.5 милиони денари. Станува збор за комплетно реновирање на болничките соби, опремување со нови кревети и мебел, 24-часовен централен надзор и […]

МЕЏИТИ-ГИР: ПОМОШТА ОД ЕУ ВАЖНА ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Приоритетите и визијата за имплементација на идни проекти во областа на здравството беа во фокусот на денешната средба на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир. Министерот Меџити изрази голема благодарност за досегашната соработка и континуираната поддршка од ЕУ во справувањето со КОВИД. Целокупната поддршка […]