АКТУЕЛНО

ОТВОРЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ДИРЕКТНА КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ

Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари. Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001. Исто така, граѓаните имаат можност и за лична […]

ВРАБОТУВАЊЕ НА ПЕТ НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ НА МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и Штип веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници, информираше денеска министерот за здравство д-р Арбен Таравари, по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ. -Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. […]

ПРЕПОРАКИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РАБОТА НА НЕКОЛКУ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ И ЗАБРАНА ЗА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ НА ОТВОРЕНО

Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во коишто се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита: -Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). -Во истиот период, работодаваците да ги […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ЈА ПОСЕТИ КБ ТЕТОВО

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, во рамки на активностите ја посети Клиничката болница во Тетово за да се запознае со состојбата во болницата. За време на посетата тој се сретна со раководството и со медицинскиот персонал.

ТАРАВАРИ, ФЕТАИ И ЌОКУ СО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА ВО КОСОВО

Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово. Беше примен од министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, со кого разговараа за соработката и заедничките институционални […]

ТЕНДЕРОТ ЗА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП ПОДГОТВЕН, СЕ ОЧЕКУВА НАЕСЕН ДА ПОЧНАТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ

Министерот за здравство д-р Арбен Таравари, заедно со премиерот Христијан Мицкоски ја посетија Клиничката болница Штип, каде посочија дека изградбата на новиот објект е приоритет на Владата, подготвен е тендерот и наесен се очекува да почнат градежните активности за оваа болница. – Има иницијатива да се објави повторно тендер за фирма која ќе работи на штипската […]

МИНИСТЕРОТ ТАРАВАРИ ВО ПОСЕТА НА ХИРУШКИ КЛИНИКИ-РАЗРЕШЕНИ ДЕЛ ОД ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ, ДО ПЕТОК ИЗВЕШТАЈ ЗА КОМПРЕСОРИТЕ

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска по извршеното примопредавање на функцијата веднаш излезе на терен и ги посети хируршките клиники во клиничкиот комплекс, по повод утврдување на состојбата со компресорите во хируршките сали. По посетата, тој изјави дека деновиве ќе добие извештај од направените испитувања и до петок ќе донесе дефинитивна одлука како ќе […]

ТОПЛОТЕН БРАН ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ОД СРЕДА ДО НЕДЕЛА – БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ И ЛИЦАТА НАД 60 ГОДИНИ ОСЛОБОДЕНИ ОД РАБОТА

Владата на Република Северна Македонија, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни препораки. Од Институтот за јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека од утре (среда, 19.06.) до недела (23.06) територијата на цела држава ќе биде зафатена […]

РЕОРГАНИЗАЦИЈА НА НАЧИНОТ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ СО НАДВОРЕШНИ КОМПРЕСОРИ КАКО ПРЕОДНО РЕШЕНИЕ

Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева одржа состанок со медицинските директори на хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со цел реорганизација на работата поради новонастанатата ситуација со компримираниот воздух. Во текот на вчерашниот ден, д-р Манолева донесе наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали […]

СО ПОДДРШКА ОД ПРОЕКТ ХОУП ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ВО ПОВЕЌЕ ЈЗУ

Министерот за здравство д-р Илир Демири оствари средба со претставници на организацијата проект Хоуп и БД. На средбата, Демири упати голема благодарност за соработката со која со поддршка од Хоуп се подобрија условите во повеќе јавно-здравствени установи во целата држава.