Интервјуа

ФИЛИПЧЕ: ОД ДЕНЕСКА ПОГОЛЕМ БРОЈ ТЕРМИНИ ЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП, КОЛИЧИНИ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА ИМА СОСЕМ ДОВОЛНО

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител истакна дека вакцините против сезонски грип не се истрошени и најави дека од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација. „Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние […]

ФИЛИПЧЕ: ЈАС ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРАМ, ВАКЦИНАТА Е БЕЗБЕДНА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче потврди дека ќе се вакцинира со вакцина за Ковид 19 во денешното гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител. Филипче упати апел до граѓаните дека станува збор за безбедна вакцина, а со вакцинацијата ќе се подигне имунитетот на населението насекаде во светот и животот ќе се врати во нормала. […]

ФИЛИПЧЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ, БОЛНИЦИТЕ И КАДАРОТ СЕ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. […]

ФИЛИПЧЕ: ОБЕЗБЕДУВАМЕ КРЕВЕТИ И КАДАР, НО ОДИ СЀ ПОТЕШКО

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека болничките капацитетите сé повеќе се исполнуваат, во инфективните одделенија во здравствените установи кои третираат ковид пациенти. Сите интерни одделенија и медицинскиот кадар се целосно мобилизирани. Здравствениот систем секојдневно се менаџира. Пациентите кои имаат полесна клиничка слика се пуштаат […]

ФИЛИПЧЕ: БОЛНИЦИТЕ СЕ ВО ФАЗА НА МОБИЛИЗАЦИЈА, НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТИ НЕ БИЛ И НЕМА ДА БИДЕ ВРАТЕН

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на телевизија Сител потенцираше дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.„Тоа се дел од мерките на […]

ФИЛИПЧЕ: НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НЕ Е ПРЕПРАТЕН ОД ЈАВНА ВО ПРИВАТНА УСТАНОВА ЗА КОВИД ТЕСТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека oд почетокот до денес, надграден е целокупниот систем на тестирање, а ниту еден граѓанин не е препратен од јавна во приватна здравствена установа за ковид тест. „На почетокот на кризата почнавме со 200 теста. Во […]

ФИЛИПЧЕ ЗА УТРЕ НАЈАВИ ДОНАЦИЈА ОД 13 000 БРЗИ ТЕСТОВИ, НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ДЕТЕКТИРАЊЕ НА КОВИД 19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител најави дека утре, во Министертсвото за здравство ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите […]

ФИЛИПЧЕ: НАБАВУВАМЕ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ПРЕКУ КРЕДИТОТ ОД СВЕТСКА БАНКА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма потенцираше дека, преку кредитот од Светската банка се обезбедуваат 45 милиони денари за брзи тестови. -Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има […]

ФИЛИПЧЕ: ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ СЕ ПАНДАН НА УРЕДБАТА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИСИ АКО ЗА ТОА СЕ ИЗНУДИ ПОТРЕБА

Во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се однесуваат на приватните болници се пандан на Уредбата со законска сила којашто важи до 31.12.2020, и истата мора да се продолжи.-Во вонредната состојба […]

ФИЛИПЧЕ: ОД ДЕНЕСКА СЕ СМЕСТЕНИ ПАЦИЕНТИ ВО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вечерва во вестите на Канал 5 телевизија информираше за состојбата со болничките капацитети и изјави дека од денеска се сместени пациенти во модуларната болница до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. „Болничките капацитети забрзано се исполнуваат. Се преполнија некои болници. Нема слободни болнички кревети во […]