Сектори

ПРОМОВИРАНИ НОВИТЕ ВОЗИЛА ЗА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ГИ ПОДОБРУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ И ЈА ПОДОБРУВАМЕ ЗДРАВСТВЕНАТА УСЛУГА НА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство, денеска, ги пушти во употреба новите 12 возила на Итната медицинска помош, наменети за Скопје и за неколку градови во државата. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема и со овие возила им се овозможува на пациентите да ја добијат неопходната здравствена услуга […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГО ПОСЕТИ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ТЕТОВО И ОСТВАРИ СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО И ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОВАА ЈЗУ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска го посети Здравствениот дом во Тетово, каде оствари средба со раководството и вработените во оваа јавна здравствена установа.  -Задоволен сум како се зајакнува капацитетот на Здравствениот дом во Тетово, но и како раководството домаќински се грижи за здравствената установа. Почнавме со вистинска грижа за нашите здравствени работници. […]

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈА „ЈОДЕН И ТИРОИДЕН СТАТУС НА НАСЕЛЕНИЕТО 2018 ГОДИНА“

На Медицинскиот факултет во Скопје денеска се одржа свечената промоција на монографијата „Јоден и тироиден статус на населението 2018 година”.  Министерот за здравство, д-р Венко Филипче упати честитки до проф. д-р Борислав Каранфилски – уредник на монографијата, како и до целиот тим од Медицински факултет – Институт за патофизиологија и нуклеарна медицина, како и колегите […]

СОБРАНИЕТО ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКИНУВАЊЕ БРЕМЕНОСТ

На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување бременост, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста. Одлуката за прекин на бременоста како посебна медицинска интервенција за која треба слободно […]

ОВОЗМОЖЕНИ ДИЈАГНОСТИЧКО-ГЕНЕТСКИ АНАЛИЗИ НА НАСЛЕДНИ БОЛЕСТИ НА СМЕТКА НА ФЗОМ

Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување овозможија анализите за молекуларна дијагностика на наследни болести да бидат опфатени во листата на услуги покриена со средства на ФЗО. Станува збор за седум услуги побарани од Медицинскиот факултет (одделите за патологија, патофиза, имунологија, судска медицина), како и од страна на Фармацевтскиот факултет и МАНУ. -Со оваа […]

ФИЛИПЧЕ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ НАШИОТ ФОКУС И ПРАВИМЕ СЀ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНИОТ СТАТУС, КВАЛИТЕТОТ НА ЕДУКАЦИЈАТА И УСЛОВИТЕ ВО КОИШТО РАБОТАТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со претставници од Здружението на лекари специјализанти, Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари и со Клубот на млади лекари. -Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат. Во текот на септември 2019 […]

ВРАБОТУВАЊЕ МЛАДИ ЛЕКАРИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ КАДАР ВО ЈАВНО ЗДРАВСТВО

Младите лекари веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца ќе добијат можност за 6 месечна практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија, за што ќе бидат обезбедени работни места во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ УТРОВО ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Министерот за здравство утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.  Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ОД КЛИНИКАТА ЗА НЕВРОЛОГИЈА: ГИ УНАПРЕДУВАМЕ УСЛОВИТЕ ЗА ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ, СОЗДАВАМЕ ЕВРОПСКО ЗДРАВСТВО ЗА ГРАЃАНИТЕ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска ја посетија Универзитетската клиника за неврологија, истакнувајќи дека оваа клиника веќе е рамо до рамо со здравствените установи во европските земји. Премиерот Заев потенцираше дека неколкуте новини коишто на Клиниката за неврологија се воведени од неодамна, ќе придонесат кон […]