Сектор за секундарна и терциерна здравствена заштита

ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ЈАПОНСКА ПОМОШ ЗА ЈАВНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ЗА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА И РЕНОВИРАЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи. Во рамки на посетата, министерот Филипче изрази благодарност […]

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИ ДЕН НА ДИЈАБЕТЕСОТ 14 НОЕМВРИ

Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување квалитетен третман на сите пациенти со дијабетес мелитус. Сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, односно има доволно количини од сите видови инсулин, посочи државниот секретар, д-р Владимир Милошев на денешниот настан по повод Светски ден на дијабетесот 14 ноември, кој годинава се одбележува […]

КОМИСИЈА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ СО ПРЕПОРАКИ И ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ-АКТИВНО СЕ СЛЕДИ СОСТОЈБАТА СО „МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ“

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, на која присуствуваат и претставници од Агенција за храна и ветеринарство, на која беше разгледана состојбата со мајмунски сипаници во Велика Британија. Од Комисијата посочуваат дека во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија и дека […]

ОДРЖАНА ЈАВНА ДЕБАТА ЗА ДИСПЕРЗИЈА НА ГРАДСКИТЕ БОЛНИЦИ НА ПОВЕЌЕ ТОЧКИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ

Во организација на Министерството за здравство, во Музејот на современа уметност беше одржана јавна дебата на тема „Потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје“. На дебатата, како панелисти, учествуваа доц. д-р Венко Филипче, министер за здравство на Република Македонија, прим. д-р. Иван Спировски, в.д. директор на Универзитетската клиника […]

ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ЗА 5% СО ПОТПИШУВАЊЕ СПОГОДБА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјала, д-р Љубиша Каранфиловски, присуство на претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев потпишаа заедничка Спогодба за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност, што ќе […]

ВО ОХРИД ОДРЖАНА ПРВА БАЛКАНСКА СРЕДБА ЗА АЛПОРТОВ СИНДРОМ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, викендов во Охрид ја отвори првата балканска средба за Алпорт синдромот, посветена на една од ретките и сѐуште малку истражени болести на бубрезите во човечкиот организам. Дијагностицирањето претставува голем професионален предизвик, а раното и точно откривање е многу важна за луѓето заболени од Алпорт синдром. За жал, медицината сѐуште нема […]

ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКАЗА ДЕЦАТА ЗАБОЛЕНИ ОД РАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА

Психо-социјална помош и поддршка на децата заболени од малигни болести на Универзитетската клиника за детски болести и нивните родители, помош тие полесно да поминат низ процесот на лекување, но и надминување на стигмата дека ракот е неизлечива болест, ќе им се овозможи во Дневниот центар „Собата на Жозеф”, кој денеска беше отворен денеска на Универзитетската Клиника […]

ПРВПАТ ВОСПОСТАВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР ЗА РЕТКИ БОЛЕСТИ

Регистар на лица со ретки болести од денеска е активиран во рамки на електронскиот здравствен систем на Министерството за здравство. Овој електронски модул со податоци ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиниката на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува. Секој лекар од јавните […]

СО ИЗГРАДБА НА НОВ И СОВРЕМЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФЕКТИВНОСТА И ЕФИКАСНОСТА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ

Согласно денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која беше прифатен Предлог законот за изменување на Законот за задолжување на РМ кај Банката за развој при Советот на Европа, со кој се прекинува Компонентата за изградба и модернизација на КЦ „Мајка Тереза“ од рамковниот договор за заем кај Банката за развој при […]

ОБЕЗБЕДЕНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА ИСПЛАТА НА НАДОМЕСТ ЗА ПРИВАТНИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ЗАПИШАНИ НА КОНКУРСОТ ВО ЈАНУАРИ 2018

Министерството за здравство со помош на Владата на Република Македонија обезбеди буџетски средствата за исплата на приватните специјализанти запишани на конкурсот во јануари 2018 година. Сите приватни специјализанти (92 кандидати), кои се стекнаа со правото да добијат месечен паричен надомест на последниот конкурс за приватни специјализации не биле искалкулирани во буџетот на РМ донесен при […]