702 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19 СЕ ЛЕКУВААТ ВО БОЛНИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА, СЛОБОДНИ МЕСТА ИМА ВО РЕЧИСИ СИТЕ КОВИД ЦЕНТРИ

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702Во […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 865 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 32436 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 359 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 10 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4. Денеска […]

НА УТРЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ КОЈ МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, […]

ФИЛИПЧЕ: УЧЕНИЦИТЕ, РОДИТЕЛИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ ПРОПИШАНИТЕ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска во видео обраќање се обрати до родителите, учениците и образовните работници по повод почетокот на учебната година. „Пандемијата предизвикана од Ковид-19 донесе брза и тектонска промена во образованието каква што не се памети во историјата. Верувам дека за многу од вас, новиот начин на кој се почнува […]

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА, ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА

Министерството за здравство информира дека во рамки на проектот Health info, кој е дел од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија 2014-2020, во текот на изминатите две недели се спроведоа едукативни работилници за специјалисти радиолози и радиотехничари, со цел обезбедување напреден тренинг за најдобри практики во врска со испитувања […]

ФИЛИПЧЕ: АКО ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СЛИКА Е СТАБИЛНА, ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ДОЗВОЛИ УШТЕ НЕКОЈА ГРУПА ОД ДЕЦАТА ДА БИДЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон…/Rruga drejt…“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата. Од 1 октомври, со физичко присуство […]

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ИЗГОТВИ ПРОТОКОЛИ ЗА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ФИЛИПЧЕ: ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРОТОКОЛИТЕ ГО МИНИМИЗИРА РИЗИКОТ ПО ЗДРАВЈЕТО И ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЦЕЛОСНО БЕЗБЕДЕН НАСТАВЕН ПРОЦЕС ЗА СИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за состојбата со епидемијата во земјата, согласно извештајот на ИЈЗ за минатата недела и истата ја оцени како стабилна.Филипче детално се осврна на почетокот на учебната година и протоколите кои ги изготви Комисијата за заразни болести. Тој истакна дека препораката која ја даде Комисијата […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 40 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1898, ОЗДРАВЕНИ СЕ 11 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНА 1 ЛИЦЕ

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај. Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови […]

ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 19 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1858, ОЗДРАВЕНИ СЕ 16 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАА 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-1, Тетово-3, Велес-1, Кочани-1 и Неготино-3. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката […]

СО ПОДДРШКА ОД ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА ВО НАЈКРАТОК РОК ПОСТАВЕНА МОНТАЖНАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА, КОЈА ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО УРГЕНТЕН ЦЕНТАР НА ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија, нејзината екселенција Сибил Зутер и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска ја посетија монтажната болница, поставена до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Монтажните модули се набавени и поставени со финансиска поддршка од Швајцарската амбасада, со што […]