ПРЕС ЦЕНТАР

„TAVI“ ПРОЦЕДУРИ НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА КАРДИОЛОГИЈА ВО СКОПЈЕ

На Клиниката за кардиологија во Скопје, лекарите почнаа со импементација на зафатот т.н Trans-catheter Aortic valve Implantation – TAVI, што значи операција на поставување на вештачки аортни залистоци на местото на оштетените природни аортни залистоци, кај пациенти со тешка аортна стеноза. Директорот на Клиника за кардиологија, Др Жан Зимбаков објаснува досегашната  класничната процедура за хируршкиот […]

ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА ДОНИРАШЕ 48 СПЕЦИЈАЛНИ КОЛИЧКИ ЗА ДЕЦА

На Меѓународниот ден на лицата со попречености, Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца. Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција се заблагодари за донацијата, и заедно со амбасадорот Дан Ориан дел од кличките им ги предаде на Детската клиника во Скопје. „Предизвиците на Министерство за здравство се да ги отстрани сите […]

ВО КЛИНИЧКИОТ КАМПУС СО РАБОТНА АКЦИЈА ОДБЕЛЕЖАН 5 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ВОЛОНТЕРИТЕ

Волонтери од Министерство за здравство, Црвениот крст на Град Скопје, Волонтерски центар – Скопје, како и волонтери од универзитетските клиники и од Медицинскиот факултет, денеска, во дворот на Универзитетски Клинички центар ,,Мајка Тереза”, со работна акција го одбележаа Светскиот ден на волонтеризмот. Во одбележување на овој ден се приклучи и општина Центар и го поддржа […]

ОБЕЗБЕДЕН НОВ АПАРАТ ЗА ВИДЕО ЛАРИНОСКОПИЈА И ЕНДОСКОПИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДИШЕН ПАТ, НАМЕНЕТ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ НА КАРИЛ

Министерството за здравство набави нов апарат за видео лариноскопија и ендоскопија за обезбедување на дишен пат, вреден 70 илјади евра, наменет за пациентите кои се лекуваат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ. Со помош на овој апарат, анестезиолозите ќе можат полесно да интубираат пациенти кои се хоспитализирани на оваа Клиника и […]

МАКЕДОНИЈА-ПРИМЕР ЗА УСПЕШНО ПАРТНЕРСТВО МЕЃУ ВЛАДАТА, ИНСТИТУЦИИТЕ И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ВО СПРАВУВАЊЕ СО ХИВ ИНФЕКЦИЈАТА

По повод одбележување на 1 декември – Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, денеска во Министерството за здравство се одржа прес конференција на која учествуваа министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и национален координатор за ХИВ, д-р Милена Стевановиќ, д-р Владимир Микиќ од Институтот […]

УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА, ДОБИ МОБИЛЕН ЕХО АПАРАТ, ДОНАЦИЈА ОД ДРЖАВНАТА ВИДЕОЛОТАРИЈА

За потребите на Клиниката за детска хирургија, денеска беше дониран мобилен ехо апартат, донација од Државната видеолотарија. На официјалното примопредавњање на донацијата, министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче се заблагодари и истакна дека со оваа донација се подобруваат условите и услугите на Клиниката и се подобрува здравствeниот  третман  за најмалите, децата. „Ова е добар […]

НОВ ТРЕТМАН ЗА НАШИТЕ ПАЦИЕНТИ, ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ИЗВРШЕНА ТРОМБЕКТОМИЈА КАЈ 70 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ СО МОЗОЧЕН УДАР

Првпат во Македонија, во текот на вчерашниот ден, е извршена механичка тромбектомија кај 70 годишен пациент, кој доживеал мозочен удар. Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта. Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ВОСПОСТАВУВАМЕ НОВ ЛАБОРАТОРИСКИ СИСТЕМ ЗА ПОКВАЛИТЕТНА УСЛУГА И ПОМАЛКУ ТРОШОЦИ ЗА РЕАГЕНСИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција  информираше за набавката на реагенси за целата територија на Република Македонија, за периодот од 3 години. Во изминатиот период, Министерството за здравство одржува редовна комуникација со стручни лица и со здружението на биохемичари. Заедно со сите засегнати страни се анализираат претходните постапки за набавки на […]

СПАСЕНИ ДВА ЖИВОТА ПО УСПЕШНО ИЗВРШЕНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА ОД ПОЧИНАТ ДОНОР КАЈ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција, по повод успешно извршената трансплантација од починат донор на Клиниката за урологија, во соработка со одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Станува збор за мултисекторски пристап, во кој активно се вклучени голем број лекари и друг персонал од КАРИЛ, Клиниката за урологија, за […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: КЛИНИКАТА ЗА КАРДИОЛОГИЈА, СПОРЕД БРОЈОТ НА СРЦЕВИ ИНТЕРВЕНЦИИ И ИНТЕРВЕНЦИИ КАЈ АКУТНИОТ СРЦЕВ УДАР, Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЦЕНТРИ НА БАЛКАНОТ

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче и директорот на ЈЗУ Универзитетска Клиника за кардиологија, Жан Зимбаков, утринава го отворија Skopje Interventional Meeting, настан кој е од круцијално значење за размена на знаења и искуства кај медицинскиот персонал, како и унапредување на медицинската експертиза. Во своето обраќање, министерот Филипче информираше дека Клиниката за Кардиологија, според бројот […]