ПРЕС ЦЕНТАР

ФИЛИПЧЕ: НИТУ ЕДЕН ПАЦИЕНТ НЕ Е ПРЕПРАТЕН ОД ЈАВНА ВО ПРИВАТНА УСТАНОВА ЗА КОВИД ТЕСТ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека oд почетокот до денес, надграден е целокупниот систем на тестирање, а ниту еден граѓанин не е препратен од јавна во приватна здравствена установа за ковид тест. „На почетокот на кризата почнавме со 200 теста. Во […]

ФИЛИПЧЕ ЗА УТРЕ НАЈАВИ ДОНАЦИЈА ОД 13 000 БРЗИ ТЕСТОВИ, НАЈНОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ДЕТЕКТИРАЊЕ НА КОВИД 19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на телевизија Сител најави дека утре, во Министертсвото за здравство ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид 19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 865 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 32436 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 359 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 10 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2449 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-397, Куманово-22, Дебар-2, Штип-34, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-7, Велес-44, Битола-31, Охрид-21, Кавадарци-26, Гостивар-30, Гевгелија-4, Струмица-37, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Кочани-17, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Виница-6, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-4, Кичево-15, Ресен-5, Неготино-4. Денеска […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 862 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 29558, ОЗДРАВЕНИ СЕ 223 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 14 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-390, Куманово-22, Штип-28, Прилеп-55, Тетово-48, Струга-9, Велес-53, Битола-31, Охрид-18, Кавадарци-24, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-12, Демир Хисар-4, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-9, Делчево-5, Кратово-6, Свети Николе-6, Кичево-17, Ресен-3, […]

ФИЛИПЧЕ: НАБАВУВАМЕ БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ПРЕКУ КРЕДИТОТ ОД СВЕТСКА БАНКА

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма потенцираше дека, преку кредитот од Светската банка се обезбедуваат 45 милиони денари за брзи тестови. -Тоа ќе бидат тестови кои ќе чинат помалку од 1000 денари и ќе бидат за сите болнички установи каде што ќе има […]

ФИЛИПЧЕ: ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ СЕ ПАНДАН НА УРЕДБАТА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИСИ АКО ЗА ТОА СЕ ИЗНУДИ ПОТРЕБА

Во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се однесуваат на приватните болници се пандан на Уредбата со законска сила којашто важи до 31.12.2020, и истата мора да се продолжи.-Во вонредната состојба […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 628 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 27827, ОЗДРАВЕНИ СЕ 531 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 15 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје […]

НА УТРЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ КОЈ МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, […]

ФИЛИПЧЕ: УТРЕ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ДИСКУТИРА ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите. Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде […]

ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ ДО ВЛАДАТА ЗАБРАНЕТО ГОСТУВАЊЕ НА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ, НАМАЛУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ГОСТИ НА ЕДНА МАСА ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави дека има зголемување на бројот на случаи во сите возрасни групи над 20 години и истакна дека нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 години, и под 10 […]