ПРОГРАМА

ОД ДЕНЕСКА ПОЧНА ДИСПЕРЗИЈА НА ОНКОЛОШКАТА ТЕРАПИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Од денеска почна дисперзија на онколошката терапија за пациентите со малигни болести Од денеска почна дисперзија на терапијата за дел од пациентите со малигни болести од другите градови и населени места од државата. Пациентите со одредени онколошки заболувања веќе нема да патуваат во Скопје на Клиниката за онкологија и радиотерапија и својата редовна доза терапија […]

ОЗДРАВЕНИ СЕ 111 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ СЕ 23 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 , ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1465, ПОЧИНАТИ 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во: Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка  од Гостивар на 59 […]

КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА СО СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ ВО УСЛОВИ НА КОВИД – 19

Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на COVID-19 болеста работи со полн капацитет, согласно препораките за работа на Министерство за здравство на Република Северна Македонија. Секојдневно се спроведуваат мерки кои имаат за цел заштита и максимална безбедност на пациентите и медицинскиот персонал, истовремено обезбедувајќи им на пациентите 24 часовен […]

2.300 ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ЈА ПОМИНАА КОВИД-19 ТРЕНИНГ ПРОГРАМАТА НА PROJECT HOPE И BROWN UNIVERSITY ОД САД

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше он лајн тренинг програма COVID 19 Response Training наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари,  беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онајн.Тренингот е развиен од страна на Project […]

ЛАЛИЊА И ЛИТЕРАТУРА ОД ХОЛАНДСКИ АВТОРИ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ХОЛАНДИЈА

Повеќе од 1000 лалиња и голем број на книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик денеска беа подарени од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп преку Министерството за здравство до Институтот за јавно здравје и останатите јавно-здравствени установи во кои се лекуваат пациенти со КОВИД-19 – по повод Националниот ден на Холандија. Оваа […]

ОЗДРАВЕНИ СЕ 36 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ НОВИ 22 СЛУЧАИ НА КОВИД 19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1421, ПОЧИНАТИ СЕ 6 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од […]

ОЗДРАВЕНИ СЕ 53 ПАЦИЕНТИ, ПОТВРДЕНИ 13 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19, ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 1399, ПОЧИНАТИ СЕ 4 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени од ковид-19. По градови: Скопје-25, Куманово-13, Прилеп-5, Струга-1, Битола-4, Охрид -1 и Кочани-4. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и […]

КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ ДОБИ “УВ ГАРД” ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ОД ВИРУСИ И БАКТЕРИИ, ДОНАЦИЈА ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНОВАТОРИ ИВИЦА ПОЦКОВ И НИКОЛА ГЛИГОРОВ

Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, денеска доби „УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во оваа установа каде се сместени и се лекуваат пациентите кои се заразени и позитивни на коронавирус. Функционалноста на овој апарат е […]

ОЗДРАВЕНИ 126 ПАЦИЕНТИ,ПОТВРДЕНИ 19 СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ 1386, ПОЧИНАТИ СЕ 2 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72. Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена […]

ОД ДЕНЕС ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА НОСОТ И УСТАТА

За заштита од коронавирусот на населението од денес за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Физичката прекривка на носот […]