ДЕНЕС ПОЧНУВА ЗАЕДНИЧКАТА КАМПАЊА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, УНИЦЕФ И СЗО ЗА ВАЖНОСТА НА РЕДОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА

Неопходно е зголемување на опфатот со МРП вакцината, за таа цел заедно со УНИЦЕФ и со поддршка од СЗО почнуваме со заеднички активности за потенцирање на ефикасноста на редовните вакцини за деца, рече на денешната прес конференција министерот за здравство, Беким Сали, во пресрет на Европската недела за имунизација.- Целта е да допреме до што е можно повеќе родители и да ги поттикнеме навремено да ги вакцинираат своите деца. Сите вакцини кои се дел од националниот Календар за имунизација се достапни и се клучни за заштита на здравјето.Потенцираше дека заедничка тенденција е постигнување на препорачаниот опфат од 95 проценти. -Почнуваме со засилена теренска работа за повикување на невакцинираните деца, испраќање унифицирани СМС пораки на родителите кои ја пропуштиле вакцинацијата на нивните деца, како и засилување на регионалната мрежа на координатори од центрите за имунизација на територија на цела држава, посочи министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts