ДЕНЕСКА СЕ ПОТВРДЕНИ 134 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19-ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 4289, ЗДРАВЕНИ СЕ 34 ПАЦИЕНТИ-ПОЧИНАТИ СЕ 8 ЛИЦА


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-2. Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.
Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).
Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331. Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 1995, активни 1323
• Куманово 651, активни 207
• Дебар 61, активни 10
• Штип 244, активни 202
• Прилеп 230, активни 18
• Тетово 440, активни 261
• Струга 138, активни 60
• Велес 154, активни 29
• Битола 35, активни 8
• Охрид 73, активни 55
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 69, активни 44
• Гевгелија 8, активни 4 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци) • Струмица 9, активни 6 • Крива Паланка 10, активни 4 • Радовиш 4, активни 0 • Крушево 5, активни 2 • Кочани 55, активни 24 • Пробиштип 11, активни 9 • Демир Хисар 1, активни 0 • Македонски Брод 3, активни 1 • Пехчево 5, активни 2 • Берово 2, активни 1 • Валандово 5, активни 4 • Виница 3, активни 0 • Делчево 1, активни 0 • Кратово 4, активни 2 • Свети Николе 10, активни 9 • Кичево 5, активни 3 • Ресен 32, активни 31 • Неготино 18, активни 9 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1173 тест се преку: ИЈЗ –456, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со PCR метода –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19.
Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 302
• Аеродром – 118
• Бутел – 110
• Гази Баба – 104
• Центар – 105
• Карпош – 94
• Сарај – 96
• Кисела Вода – 64
• Ѓорче Петров – 53
• Студеничани – 52
• Шуто Оризари – 40
• Арачиново – 33
• Илинден – 27
• Петровец – 9
• Чучер Сандево – 7
• Сопиште – 8
• Зелениково-1
• Странец – 2

Сподели на:

Related Posts